Кориснички сервис: Регистрирајте се
1024z260_4_Sajt_baner_1024x260_2.png

04. 07. 2019.

Nelt нa PwC CEE Retail & Consumer панел дискусија во Белград

Во понеделник на 24 јуни, во хотелот Метропол во Белград, се одржа годишната PwC CEE Retail & Consumer панел дискусија со фокус на темите искуства и лојалност на потрошувачите, како и на можностите и предизвиците на дигиталното работење. Во рамките на сегментот малопродажба се претставија компаниите Mercator и Delhaize, додека пред нашата компанија, најновите практики во дистрибуцијата во регионот ги претстави Роберт Јеноваи (Robert Jenovai), директор за унапредување на операциите во дистрибуцијата на Nelt Групата.

На собирот, Роберт зборуваше за актуелните инвестиции во знаењето и за новите технологии во Nelt Групата, кои имаат за цел унапредување на процесите, квалитетот на услуги, а со самото тоа и на нивото на задоволство на корисниците.  

„Сакаме со стручноста и искуството активно да придонесеме за деловниот развој на сите наши корисници. Затоа ни е многу важна напредната политика на податоците, ни овозможува подобро да ги разбереме перформансите на сите категории и брендови кои ги дистрибуираме за да можеме да им овозможиме вистински информации и поддршка на нашите корисници во понатамошниот развој на работењето. Денес користиме Power BI aлатка за продажна аналитика и за аналитика на промотивните активности. Во логистичките операции користиме напреден систем на управување со складирање за следење и зголемување на продуктивноста. Пред неколку години го имплементиравме Pick by Voice системот за комисионирање на стока, како една од првите компании во регионот. Сите наши возила опремени се со GPS уред и користиме Sky Track систем за креирање на динамички рути – најефикасни рути за нашите испораки. Следниот чекор ќе биде интегрирано решение кое ќе опфати собирање на податоци, статистичка анализа, моделирање на предвидувања и аналитичко донесување на одлуки. Во согласност со тоа, во моментов го тестираме HANA SAP системот за управување со базата на податоци.“

Во контекст за персонализирани решенија за купувачите, додаде:

„Технологијата го менува начинот на кој се ангажираме и комуницираме со нашите клиенти. Во Nelt развиваме VMI решенија за нашите најголеми, најразвиени корисници (комплетно управување со нивните залихи), а паралелно развиваме и одредени апликации кои се во целост погодни и за малите ТТ продавници. Покрај тоа, ги насочуваме развојот и дигитализацијата кон нашата дивизија фармацевтски производи, во делот со медицински detailing и соработка со давателите на здравствени услуги, лекарите и фармацевтите. Ние ја препознавме потребата за диференцијација помеѓу нашите клиенти, некои од примерите се SKU листа по тип на продавници односно регион како и прилагодени целни осмислени промотивни активности по купувач односно канал. Развивме и алатка за анализа на промотивните активности, каде што ги проценуваме активноста, повратот на инвестиции, инкременталните ефекти од продажбата итн. Успешноста од употребата на наведените алатки зависи и од технолошките IT можности на нашите корисници, те. нивната подготвеност да ги споделат податоците и да ја разберат важноста на оваа размена за нивното работење“.