Кориснички сервис: Регистрирајте се
1024z260_4_Sajt_baner_1024x260_2.png

11. 01. 2019.

Прогласени Најколегите во регионот

Успешната кампања „Пофали го колегата“ која е одржана на крајот на годината во сите наши компании даде одговор на прашањето кои се нашите Најколеги за 2018 година! На ниво на групацијата Нелт пристигнаа околу 2 000 пополнети ливчиња, со што е дуплиран минатогодишниот број и поставен нов рекорд. Ова е заеднички успех бидејќи покажува дека сите во Нелт имаме квалитети кои заслужуваат пофалба и дека не се колебаме да се пофалиме едни со други.

Како победници меѓу 60 пофалени колеги се истакнаа Крсте Костески, специјалист за финансии, кој ја понесе титулата Најколега за 2018. Горјан Атанасовски, специјалист за логистика, е добитник на специјалната награда за тимска работа. Александар Тембелски, супервизор за продажба, ја доби специјалната награда за инспиративно лидерство и Гоце Игевски, портфолио-менаџер, ја доби наградата за промоција на културата на пофалба за времетраењето на акцијата. Наградите се доделени на новогодишниот собир на 22 декември во Скопје.

Наградите за пазарот на Црна Гора се доделени на новогодишниот коктел на компаниите Нереглиа и Монтеномакс Ц & Л. Традиционалното прогласување е одржано на 20 декември во свечената сала на ресторанот Салаш 23. Најколешка во Нереглија е Сенка Вуковиќ, агент на продажба за ланци, додека во Монтеномакс главната награда ја понесе Милош Марковиќ, специјалист за ИТ-системи. Специјална награда за покажана грижа за луѓето и долгорочна перспектива добија Елвира Чекиќ, административен работник во царинскиот сектор и Игор Газивода, курир-возач. Во Црна Гора се напишани приближно 200 пофалби.

И во БиХ е остварен најголем број на пофалби до сега, дури 246. Признанијата се врачени на 28 декември. Томислав Праштало, шеф на магацинот во ПЈ Бања Лука ја освои главната награда и титулата Најколега 2018. Младен Јовановиќ, административен асистент во сервисот на купувачи во ПЈ Бијелина доби специјална награда за придонес кон организациската култура за пофалба од најмногу различни организациски единици. Драган Берибака, магацински работник во ПЈ во Источно Сараево ја доби специјалната награда за придонес кон организациската култура за вредноста „Грижа за луѓето“. Сузана Сикимиќ, менаџер за финансии за БиХ, Црна Гора, Македонија и Албанија  доби специјална награда за придонес кон организациската култура за истакната промоција на културата на пофалба поради најголемиот број на пофалби кои ги испратила во склоп на нашата организација за различни колеги.

Најголемата промена се забележува во компанијата во Србија. Кога акцијата започна, на ниво на оваа земја напишани се само 110 пофалби, а шест години подоцна овој број е 10 пати поголем. Победниците беа прогласени на Јавен состанок на вработените на 17 јануари во ЦДЛЦ во Добановци. На победниците им честиташе Милош Јелиќ, генералниот директор на групацијата Нелт.  Со повеќе од 40 добиени пофалби, како победник се истакна Милан Крупниковиќ, виљушкарист во ЦДЛЦ во Добановци. Специјалната награда за Најколега на регионалните центри ѝ е врачена на Бојан Јовановиќ, складиштен работник од Нови Сад. Далибор Марковиќ, јуниор ИТ-техничар и Сања Љубишиќ, супервизор на администрацијата на возниот парк, добија специјални награди за најмногу пофалби од најмногу различни организациски единици. Доделена е и награда на колегата кој доби најмногу пофалби за една од корпоративните вредности. Зоран Ракиќ, диспечер за достава во ЦДЛЦ, кој покажа особена грижа за луѓето во текот на минатата година. Доделени се и награди за промоција на културата на пофалба, како на поединци така и на тимови. Посебно се истакна тимот ТТ Нео/ДрО од Нови Сад кој напиша повеќе од 80 пофалби. Во името на тимот присуствуваше Никола Ќурчин, супервизор на продажба. Тијана Биберџиќ, менаџерка за продажба за клучни купувачи, пофали најголем број на колеги, додека најкреативен беше Петар Димитриевиќ, администратор на ценовник, праќајќи ги пофалбите во форма на песни. Од кутијата во која се најдоа имињата на сите кои напишале барем една пофалба во Србија извлечено е ливче со името на добитникот на наградата – изненадување – Милош Галогажа, оператор на системот во складиштето. Победник во компанијата Јавна Складишта Суботица е Дејан Максиќ, складиштен работник.

 

 

 

Galerija