Кориснички сервис: Регистрирајте се
1024z260_4_Sajt_baner_1024x260_2.png

09. 09. 2018.

Нелт освои пехар на P&G светското првенство во фудбал

Фудбалската екипа на нашата компанија, Nelt P&G Serbian Eagles, оваа година по трет пат учествуваше на Procter & Gamble светскиот куп во фудбал и го освои првото место во делот натпреварување за Challenge куп. Во целокупната машка конкуренција учествуваа 32 екипи од различни делови на светот, a екипата од Хрватска го освои првото место во главниот натпревар. Oвогодинешниот, дваесет и петти куп, нашиот принципал го организираше во Вроцлав, Полска.

Натпреварувањето во голем фудбал, коешто се организираше по правилата на UEFA, се одржа од 31 август до 2 септември во олимпискиот комплекс, еден од најубавите спортски центри во Полска.

Eкипите беа поделени во 8 групи со по 4 тима. Нашиот тим не успеа да се пласира во натпреварот за освојување на Светскиот куп, но се пласираше за освојување на Challenge купот. Во тој дел на натпреварувања, екипата на Nelt P&G Serbian Eagles ја однесе победата на сите натпревари против екипите од САД, Англија и двете екипи од Шпанија. Нашата екипа се врати во Србија со пехар од освоениот Challenge куп.