Кориснички сервис: Регистрирајте се
1024z260_4_Sajt_baner_1024x260_2.png

06. 07. 2018.

Coty дел од портфолиото на Nelt во Македонија

Оваа година на Nelt во Македонија ѝ носи соработка и со компанијата Coty, реномиран производител на козметички производи. Coty е еден од светските лидери во индустријата за производи за нега на убавината, а нашата компанија оваа козметика со врвен квалитет ја носи чекор поблиску до македонските потрошувачи.   

За двете компании, ова всушност претставува продолжение на соработката. Компанијата Nelt во 2017 во своето дистрибутивно портфолио ги додаде и производите од асортиманот на Coty, и со тоа започна дистрибуција на територијата на Србија. Денес, благодарение на нашата развиена дистрибутивна мрежа, производите на Coty можат да се најдат и во Црна Гора и во Македонија.

Со цел запознавање на членовите на нашиот тим за продажба со брендовите на Сoty (Adidas, Wellaton и Londa), во Скопје на 5 јули се одржа иницијален состанок кој воедно го означи и свечениот почеток на соработката.