Кориснички сервис: Регистрирајте се
047.jpg

30. 06. 2018.

Нелт на промоцијата на АЕО во Скопје

Царинска управа на Република Македонија организираше конференција во Скопје, на која е промовиран концептот на економски оператер (АЕО) во Република Македонија.

 

АЕО е интернационално признат сертификат, кој укажува дека економските оператери (произведувачи, извозници, увозници, шпедитери, превозници) се сигурни во синџирот на снабдување на глобалната трговија, и дека нивните царински контроли и процедури се ефикасни и усогласени.

Организацијата на конференција e поддржана од УСАИД преку нивниот проект на регионален економски раст. Настанот го отворија Заменик на Министер на Финансии, г-ѓа Ширет Елези, Генерален директор на Царина г-дин Ѓоко Танасоски, директор на дирекција за развој на УСАИД во Македонија, г-дин Едвард Гонзалес и г-дин Златко Ветеровски, помошник на директор на Сектор за царински систем.

Во име на Нелт група, на деловната и академска заедница им се обрати Иван Милиќевиќ, Менаџер на развој на логистички бизнис. Милиќевиќ им го пренесе на присутните искуството од компаниите на Нелт Група во Србија, на која и е дoделен АЕО сертификат:

“ Предностите кои ги носи овој систем, се гледаат, пред се, во партнерската соработка со Царинска управа, од која како резултат имаме поедноставен процес на одобрување и поедноставување на царинските постапки, намален број на прегледи и внесување на податоци, како и приоритетно информирање. Посветени на иновации и на партнерскиот однос со Царинската управа, се подготвуваме за процес на сертификација на АЕО во Македонија.”

Исто така, Милиќевиќ истакна дека во Нелт тимски и секојдневно се вложува енергија да се подигнат стандардите и да се задржи имиџот на сигурен партнер на локален и глобален пазар.