Кориснички сервис: Регистрирајте се
1024z260_4_Sajt_baner_1024x260_2.png

11. 05. 2018.

Програмата „Добар старт“

Пред нас е новиот циклус на програмата за годината 2018/2019, затоа ги повикуваме сите заинтересирани апсолвенти, студенти на завршни години или на мастер студии да се запознаат со потребните услови за аплицирање и своите пријави да ги испратат до 30. мај 2018. Учесниците ќе бидат избрани со внимателен процес на селекција.

Програмата „Добар старт“ започна 2015. година со цел на младите, успешни и амбициозни студенти и дипломци да им се овозможи да ги развијат своите деловни вештини во областа на продажбата и на тој начин да се специјализираат за работа на позицијата Key Account Manager.

Во периодот од осум месеци во Нелт во Добановци, Србија, учесниците добија можност да работат на неколку позиции во рамките на секторот за продажба и да стекнуваат знаења преку работа со ментори, преку job shadowing, како и преку формални тренинзи и работилници. Добро дефинираниот систем на движење низ организацијата овозможува разбирање на одговорностите на секоја поединечна позиција, полесно прилагодување на позицијата која што следи и што е најважно, стекнување на поширока слика за вкупното функционирање на продажбата во големиот деловен систем.

Учесниците работат во доделени тимови и со ментори, но функционираат и како група соработувајќи меѓу себе на организирани заеднички тренинг-активности, презентации како и на неформални дружења. Во секоја фаза од програмата се врши проценка на стручните знаења. По завршената програма, најдобрите учесници добиваат постојано вработување во компанијата Nelt.

За програмата „Добар старт 2017/2018” се пријавија околу 400 заинтересирани млади луѓе. Водени со позитивните искуства во текот на претходните години, оптимистично зачекоривме во четвртата! Компанијата Nelt ја продолжува практиката на инвестирање во развојот на младите луѓе. 

 

Galerija