Кориснички сервис: Регистрирајте се
047.jpg

27. 12. 2017.

Интервју на Зоран Стојчевски во Капитал

генерален менаџер на НЕЛТ Македонија


Нелт Група работи на осум пазари во Европа и Африка, вработува 4.000 лица во 13 компании и се препознава како лидер во дистрибутивниот бизнис. Многу фактори низ годините влијаеле на имиџот и довербата која компанијата го има изградено на пазарите каде што работи, но деловната професионалност во доменот на синџирот на снабдување е секако еден од најзначајните.

Дали би можеле да ни кажете по што е препознатлив Нелт во деловното опкружување?

Деловната професионалност во доменот на дистрибуција, по што сме препознатливи, е заснована на силниот фокус на синџирот на снабдување. Од тој синџир развиен е одделот за логистички услуги за трети лица. Експертизата и технологиите кои ги применуваме во развојот на дистрибуцијата се ставени на располагање на логистичкиот пазар, гарантирајќи проактивен однос и максимална синергија во имплементацијата на решенијата.

На што ќе се фокусира Нелт во периодот кој претстои? Какви се целите на компанијата за следната година?

Во претстојниот период логистиката ќе биде во фокусот на компанијата. Професионализмот, квалитетот, доверливоста, ефикасноста и експертизата се вредности кои се вградени во нашата ДНК и истите ги споделуваме со нашите клиенти и деловни партнери.

Нашите цели за 2018 година се стандардизација и дигитализација на процесите, проширување на капацитетите и задржување на квалитетот преку остварување на уште поголема ефикасност во работењето. Во согласност со ова, ние ги имплементираме инвестиционите планови за зајакнување на потребната инфраструктура – снабдување со возила за потребите на меѓународниот транспорт, имплементација на нови технологии и постојана едукација на нашите колеги. Ние се стремиме и во сегментот на логистиката да бидеме признаени како лидери и иноватори на пазарот.

Целото интервју прочитајте го овде