Кориснички сервис: Регистрирајте се
047.jpg

13. 11. 2017.

Ресертификациона проверка на HACCP системот во Нелт СТ

На серијата успешно спроведени надворешни ревизии во нашите компании се надоврзува уште една нова, спроведена во Македонија! Имено на 10-ти ноември 2017год. успешно заврши ресертификационата проверка за HACCP  системот во Нелт СТ во Скопје, од страна на сертификационото тело SGS од Белград.

 

На основа на деталнo  набљудување, ревизорот  процени дека системот за безбедност на храна во организацијата во целост е усогласен со критериумите за проверка, со што HАCCP  сертификатот е продолжен на дополнителен циклус од 3 години.

 

Беше пофален процесот на внатрешна ревизија на  HACCP системот  за нивната сеопфатност и деталност, и беа дадени две препораки за унапредување на процесот.

 

Честитки и пофалби за HАCCP тимот на Нелт СТ за одлично обавената работа, како и на целата организација за поддршката, со желби секоја наредна проверка да биде подеднакво успешна.