Кориснички сервис: Регистрирајте се
047.jpg

02. 06. 2017.

Менаџмент Тим Билдинг на ниво на НЕЛТ Група традиционално одржан и оваа година

Тим билдингот на Менаџмент тимот на ниво на НЕЛТ група традиционално беше одржан на 26 и 27 мај оваа година во ФСС Стара Пазова. Околу 180 колешки и колеги од сите компании на Нелт групата учествуваа во овој дводневен настан. Насловот на овој тим билдинг ‘’Change is not strange’’ во целост ја отсликува темата на настанот: промени со кои се сретнува секоја организација која што се развива и работи во динамично опкружување.
 
Имајќи го во предвид напредокот кој го остварува нашата фирма, посебно внимание е посветено на промените кои не очекуваат на патот за понатамошен развој. Во својот говор, Милош Јелиќ, извршниот директор на НЕЛТ група, покрај презентацијата за резултати од претходната година, воедно се заблагодари на сите за вложениот труд при спроведување на истражувањето за организациско здравје и истакна значење на состојбата во организацијата за понатамошни чекори во сите области на нашиот бизнис. Покрај тоа, традиционално им посакавме добредојде на колешките и колегите кои ни се придружија на Менаџмент тимот во тек на претходната година.
 
Внимателно креирана програма го потполни и предавањето на Alexandrua Glod, прочуениот Теdх предавач од Румунија. Низ презентацијата “Change management & Storytelling” претстави начини преку кои луѓето реагираат на промени, како тие делуваат на нас, како и случувањата кои ја пратат секоја промена.
 
На крајот следуваше игра под наслов “Helterland”. Учесниците беа поделени во тимови од 10 члена и во зависност од потреба, тимовите на пазар разменуваа ресурси за да ја исполнат задачата – креираа кесички за 6 HELT производи. Оваа активност претставува симулација на променливото работно опкружување, ја зајакнува свеста за неопходни промени, разбирање на различни улоги во рамките на тимот, соработка и ефикасна комуникација со останатите тимови.
 
Тим билдингот беше завршен со забава во позитивна атмосфера и пријатни впечатоци, на коишто се надеваме дека учесниците ќе се сеќаваат со задоволство.

Galerija