Кориснички сервис: Регистрирајте се
047.jpg

31. 05. 2017.

Претставници на Нелт Група одржаа предавање на Институтот Концепт

Вработени во компанијата Нелт на 22. Мај одржаа предавање во соработка со Институтот Концепт во Македонија. Институт Концепт е признаен македонски тренинг центар кој долги години работи во областа на неформална едукација.
 
Основната идеја при организирање на овој тренинг е запознавање на заинтерсираните учесници со концептот на Ланецот на снабдување. Низ теоретски и практичен пристап претставени се системите кои се користат, начини за нивна примена и предизвиците во секојдневното работење.
 
Иако досега ваквите тренинзи ги одржуваа консултанти и професори, овој пат на Нелт му припадна посебна чест да се најде во улога на предавач. Своето искуство и знаење го споделија Методија Христовски, Менаџер на Ланец на снабдување како претставник на Нелт во Македонија, заедно со претставниците на Нелт од Србија: Ивана Ристиќ, Менаџер за планирање на залихи, Предраг Матиќ, Менаџер за магацинско работење и Предраг Савиќ, Менаџер на транспорт.
 
Меѓу присутните се најдоа претставници на водечки компании од пазарот како што се Алкалоид, Тинекс, Кит Го, Еурофарм, Колид, Нестле Адриатик, Кола, Солопром итд.

Galerija