Кориснички сервис: Регистрирајте се
047.jpg

21. 03. 2017.

Oтворен ден за студенти во Нелт Ст

На  наше особено задоволство имавме отворен ден за студенти во Нелт Ст. Околу 30 студенти од Машински факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје,  ја посетија нашата компанија. На почеток на посетата топло добредојде им посака Генералниот Директор – Зоран Стојчевски, истакнувајќи деке Нелт е една голема, професионална компанија чии врати секогаш се  отворени за млади професионалци кои сакаат постојано да учат и напредуваат на професионално поле. При самата посета имаа можност да се запознаат и со основното работење на компанијата, визијата и мисијата, а подетално за сите залагања на компанијата да им обезбеди на своите вработени постојана можност за професионален раст и развој,беше објаснето  од страна на нашиот Сениор ХР Бизнис Партнер на Нелт СТ – Снежана Враговска. Понатаму следеше излагање од страна на Менаџерот на Логистика – Методија Христовски , кој ги запозна со основното работење на секторот, комплетната тематика, а исто така им го претстави и новиот современ технолошки концепт за пикирање на роба – Pick by voice. Понатаму следеше прошетка по просториите на магацин, а од страна на Cross Dock Операторот Далибор Василевски и Водич на Смена – Илија Дракуловски им беа претставени и секојдневните работни активности и операции. Посетата заврши со неформални разговори, прашања и пополнување на прашалници за пријава за практиканство во Нелт Ст.

Galerija