Кориснички сервис: Регистрирајте се
047.jpg

13. 01. 2017.

SAP е воведен во редовно работење во Nelt ST

Во понеделник на 9. jaнуари 2017. година компанијата Nelt ST официјално го воведе SAP во своето работење!
 
Проектот на имплементација траеше седум месеци, а во согласност со проектниот план, системот беше успешно пуштен во работа и интегриран во деловните процеси. SAP во согласност со воспоставената практика во Nelt ќе се користи за потребите на управувањето со финансиите, контролата, човековите ресурси, набавката и залихите и продажбата, како и во деловното известување.
 
Благодарение на интеграцијата на овој систем во редовните деловни процеси, компанијата Nelt во Македонија ќе ги унапреди интерната стандардизација и следењето на деловните резултати, координацијата со другите компании во Nelt Групата како и соработка со принципалите на територијата на Македонија кои веќе го користат овој систем во работењето.
 
После Nelt во Србија, Neregelije и Nelt БиХ, Nelt ST е четврта компанија во Групата која користи SAP во процесот на работењето. На овој начин успешно се заокружи шестгодишниот проект на имплементација во сите компании на Nelt Групата кои припаѓаат на регионот на Западниот Балкан.

Galerija