Кориснички сервис: Регистрирајте се
razvoj.jpg

Развој

Развојот за нас значи опстанок. Во таа насока, се трудиме супериорно да ги покриеме пазарите на кои работиме, да ја прошириме продажбата и дистрибуцијата, да го унапредиме обезбедувањето на логистички услуги со примена на најмодерна технологија и стандардизација во работењето.                                                                        

Нелт на сите пазари на кои делува се труди да оствари максимално покривање на продажните канали и објекти и да воспостави врвни стандарди во својата дејност. Со повеќе од 170 вработени во продажба, маркетинг, логистика и придружните служби, сакаме да соработуваме со сите пазарно ориентирани национални и интернационални трговски ланци, големопродажни, мали и големи приватни продавници, киосци, аптеки, парфимерии, бензиски станици итн.                                                                                             Целиме кон тоа да успешните бизнис модели ги примениме и на продажните дејности во кои досега не сме биле присутни, максимално користејќи ги човечките и материјалните ресурси од постоечкото работење.

Покрај тоа, вложуваме постојани напори за да останеме лидери во користењето на напредните информациски технологии во продажбата (Hand Held и Tablet Computers, B2B портали ), финансиите (e-banking), комуникацијата (IP телефонија, IM, 3G+ пренос на податоци од терен) и логистиката (WMS и Dynamic routing).

Во иднина ја имаме во план и Имплементацијата на деловно-информатичкиот систем SAP, со цел веќе постоечкиот ERP да се замени со решение кое во потполност може да ја опфати и поддржи стратегијата на одржливо ширење и унапредување на работењето, како и сите процеси во самата компанија.