Кориснички сервис: Регистрирајте се
za_sajt_63055.jpg

Логистички услуги

 

Деловната извонредност во доменот на дистрибуцијата, по која сме препознатливи, се базира на нашиот синџир за набавки. Од него е развиена и дивизија на логистички услуги за трети лица. Експертските знаења и технологии кои ги усвојуваме во развојот на дистрибуцијата, на располагање се на логистичкиот пазар, при што гарантираме проактивен однос и максимална синергија во имплементацијата на решенијата.

Нашата флота составена е од 30 возила со носивост од 2,5 дo 11 тони, со различни температурни режими. Месечно реализираме повеќе од 8.500 испораки. Ефикасноста на испораката овозможена е благодарение на применетите технолошки системи ERP- SAP, TMS-Sky Track, WMS- GOLD кои се меѓусебно поврзани и заедно даваат оптимални решенија во реализацијата на логистичките задачи.

Постоечката инфраструктура на Nelt составена е од 6.500 m2 простор за складирање во различни температурни режими и типови на складирање со користење на најсовремени технологии и софтвери за управување со логистичките процеси.

Во рамките на логистичкиот комплекс во Скопје постои складиште за сместување на царински стоки со термоконтролиран и амбиентален режим. На нашите клиенти им обезбедуваме и сервис за добивање на потребните сертификати, атести, како и санитарни, ветеринарни и пазарни уверенија и дозволи.

 

 

Контактирајте не’

+389 22 581 999,
+389 78 428 478

lspmk@nelt.com

http://neltlsp.com/mk/makedonija/