Кориснички сервис: Регистрирајте се
08.jpg

Историјат

Основна дејност на компанијата Нелт СТ е дистрибуција и трговија на големо со прехрамбени и непрехрамбени производи за широка потрошувачка. Ние сме дел од групацијата Нелт, лидер во полето на дистрибуција во регионот.

Благодарение на постојаното унапредување на квалитетот и проширување на асортиманот на услугите, како и вложувањето во развојот на вработените, ние сме денес една од водечките дистрибутерски компании на територијата на Р. Македонија.

Нелт СТ денес е компанија која обезбедува врвни услуги во областа на дистрибуцијата, логистиката и маркетингот, покажувајќи максимална ефикасност и ефективност во работењето. Наши клиенти се големи домашни и меѓународни компании, чие долгогодишно мултинационално искуство и знаење во комбинација со нашата енергија, флексибилност и креативност, од година во година носат успех и раст.