Кориснички сервис: Регистрирајте се
1026x206_komii.png

Достава

Робата на купувачите се доставува со флота која брои 30 доставни возила со носивост од 2,5 до 11 тони, на различни температурни режими. Сите возила се опремени со GPS систем, а организацијата, контролата и следењето на целокупните транспортни и доставни рути се врши со помош на софтверски решенија за организација и оптимизација на транспортот. Планирањето на транспортот за комплетната доставна флота, се врши преку софтвер со динамичко рутирање (Sky Track, Artronic) систем кој добива податоци од ERP (SAP), на чија основа се пресметуваат сите доставни рути. Динамичкиот систем на рутирање преку ERP софтверот, ги пренесува податоците во софтверот за Магацинско работење - WMS Gold, во кој понатаму се подготвува планот за сортирање на робата за достава. Доставните возила се опремени со PDA уреди кои овозможуваат на возачите детален преглед на сите параметри поврзани со доставата: детали за рутата, преглед на испратницата, доставни задачи, навигација кон планот на достава.

 

Контакт:

Email: lspmk@nelt.com
Tel: +389 22 581 999