Кориснички сервис: Регистрирајте се
motiv.jpg

Мотивација и развој

Сите нови колеги на почетокот поминуваат период на иницијална обука во која се запознаваат со своите работни задачи и работата на сите сектори во компанијата. Со цел следење на новите трендови во работењето и развојот на нашите вработени, организираме разни врсти на обука. Секој тренинг е прилагоден на нивото на знаење и потребите на учесниците и во склад со тоа на крајот на секоја деловна година се прави индивидуален тренинг план за секој вработен во компанијата. Со желба на најдобар можен начин да го пренесеме нашето знаење и искуство, во 2007 година формиран е интерен Тренинг тим кој во моментов брои околу 15 активни членови (асистенти, супервизори, менаџери на различни сектори и специјалисти во одредени области). Членовите на тимот се колеги од сите земји во кои Нелт работи.

За нашите вработени организираме разни видови  формални и неформални собири каде го разиваме тимскиот дух помеѓу колегите. Исто така, за вработените организираме различни акции и им овозможуваме најразлични поволности кои можат да допринесат во нивното задоволство на работа.          

Пракса во Нелт

Компанијата Нелт им дава можност на младите и талентирани луѓе преку пракса да се запознаат со работата на нашата компанија и стекнат основни знаења и вештини од областите за кои се заинтересирани. За време на праксата сите активно учествуваат во деловниот живот на компанијата. Секој кој ќе покаже иницијатива, желба да напредува и учи, својата кариера може да ја започне токму во нашата компанија.