Кориснички сервис: Регистрирајте се
politika.jpg

Политика на регрутација и селекција на вработени

Нашата идеја е да во секој кандидат ги пронајдеме неговите најдобри особини, ги идентификуваме вистинските потенцијали и работата која ќе одговара на неговиот сензибилитет. Општиот принцип на регрутација и селекција по кој се водиме во Нелт е давање еднакви шанси на сите кандидати.

Процедурата за селекција е така дефинирана, за сите кандидати кои одговараат на условите за отворената работна позиција да бидат повикани во следниот чекор, селекција-тестирање. Тестот е од логичко-математичка природа.Кандидатите кои ќе го положат тестот очекуваат интервју и дополнителни проверки на знаењето. Бројот на интервјуа и врстата на тестови зависи од работната позиција за која кандидатот аплицира. Интервјуата ги прави секторот за човечки ресурси во соработка со менаџерите на сектори во кои има отворена работна позиција.

Секој чекор во процесот на селекција е од елиминационен карактер.

Кандидатите кои ги задоволуваат сите критериуми на селекција ќе добијат понуда за работа или ќе останат во базата на кандидати и ќе бидат контактирани кога ќе се отвори иста или слична работна позиција.

Сите кандидати на крајот од процесот на селекција се информирани за исходот на конкурсот.

На кандидатите им нудиме конкурентен компензационен пакет, можност да во целост ги искажат своите способности и иницијативи, да работат во тим на млади и способни луѓе според стандардите на водечките светски компании.