Кориснички сервис: Регистрирајте се
nasite_vrabot.jpg

Нашите вработени

Ние во Нелт знаеме дека деловниот успех всушност претставува успех на луѓето. Затоа се трудиме да ги вработиме, развиеме и задржиме најдобрите таленти, како и во компанијата да направиме пријатно и поттикнувачко работно опкружување, кое ќе ги инспирира вработените во секојдневната работа.        

Големо внимание посветуваме на вработување на луѓе кои на најдобар начин ќе придонесат за нашиот успех. Константно бараме нови начини да се приближиме на идните потенцијални вработени преку презентации на факултетите и директен контакт со студентите, учество на саеми на вработување, како и нашата WEB страна преку која сите заинтересирани можата да се пријават за работа во Нелт. Самиот избор на нови кадри го вршиме комбинирајќи разни видови на селекција (тестови, интервјуа...), а секогаш имајќи ги во предвид нашите основни компаниски вредности, како и барањата на работните места, како би биле сигурни дека сме ги вработиле вистинските луѓе.

Иницијатива, тимска работа, посветеност, интегритет, професионалност се вредности и ставови кои ги цениме и сакаме да ги развиеме кај сите наши вработени, бидејќи сметаме дека се тие основа за успешност и напредок. Покрај тоа, свесни сме за важноста за мотивирани и стручни кадри, така што професионалниот развој на вработените ни е еден од приоритетите. Интерниот тренинг тим преку целата година работи на унапредување на знаењата и вештините на нашите луѓе, во склад со потребите организираме и екстерни обуки.                                                                                                                                                                        

Унапредувањето на вработените внатре во компанијата е еден од најважните Нелтови принципи и горди сме на фактот дека мнозинство од нашите менаџери напредувале од пониските позиции во компанијата. Нашите вработени знаат дека квалитетната работа и иницијативата доведуваат до превземање на одговорни и комплексни работи и повисоки позиции.