Кориснички сервис: Регистрирајте се
012.jpg

Trade Marketing

 

Работењето на нашите клиенти го унапредуваме по пат на обезбедување квалитетен сервис, заедничко планирање и организирање активности кои се насочени кон остварување на врвни деловни резултати и задоволување на потребите на крајните потрошувачи. Соодветно на тоа, секојдневно на терен е нашиот тим кој го сочинуваат повеќе од 25 вработени, а кој има непосреден контакт со нашите производи, клиенти и потрошувачи.
 
Продажбата е организирана врз база на територијален и функционален принцип, во зависност од типот и структурата на купувачи. На сите пазари на кои работиме во потполност ги покриваме сите продажни канали и објекти. Нашите агенти се опремени со најсовремени рачни компјутери во кои имаат дефинирани дневни планови на посети, целосен увид во расположливост на производите и информации за купувачите. Со помош на овие уреди, тие ја креираат нарачката на терен и по пат на 3G+ мрежа ги праќаат податоците на обработка на придружните служби, за да, по заокружување на целиот процес, производите на најбрз можен се најдат на рафтовите на купувачите. Сите вработени во секторот на продажба, од аранжерите и промотерите, преку продажните агенти, до менаџерите, се оспособени во согласност со стандардите и начинот на работа на нашите странски партнери.
 
За да помогнеме производите од рафтовите да се најдат во потрошувачките кошнички, на нашите партнери им обезбедуваме и услуги на трејд маркетинг. Сето тоа се забележува во пополнувањето и изложувањето на производите на рафтовите, осмислувањето и организирањето на промотивни активности, брендирање на возила, производство на рекламен материјал и прибирање на податоци од терен. Нашиот креативен тим, кој го сочинуваат повеќе од 25 вработени на терен, во состојба е да ја реализира секоја желба на нашите клиенти и да допринесе за подобра продажба на производите кои ги дистрибуираме.