Кориснички сервис: Регистрирајте се
vizija.jpg

Визија и мисија

Повеќе од 20 години Нелт гради успешни патишта, со помош на искуството, знаењата и посветеноста во работењето.

Нелт секогаш бил чекор напред со своите иновации ,така што сакавме да одиме чекор напред и во стандардните дефиниции за компаниска култура.
Ги дефиниравме основите на нашето работење, ги донесовме преку одлуки кои сакаме да ги спроведуваме, реафирмиравме професионални определби кои нашата компанија ги применува во секојдневното работење.

Оваа стратегија, која ја нарековме ТРИ О, е начин и патоказ за сите кои работат во Нелт, како да станат амбасадори на нашата компанија, на работното место и било каде да се наоѓаат. Исто така нашите вредности се нашата лична карта, показател на нашиот етички и одговорен пристап кон бизнисот.

Нашата ОСНОВА – Што работиме и на кој начин?

Градиме успешни патишта за производите, услугите и идеите, со помош на големото искуство, теориското и практичното знаење и посветеноста во работењето во сите сегменти на нашето делување.

Нашата ОДЛУКА – Што сакаме да бидеме и за кого?

Посветено тежнееме да бидеме прв избор за :
Лидерските компании, за услуги од областа на дистрибуцијата и логистиката на територијата на пазарот во кој делуваме
Ценетите партнери, низ максимизација на ефективноста на нашето работење во сите сегменти на делување
Посветени вработени, сегашните и потенцијалните, кои сакаат да работат во предизвикувачка и динамична средина која им овозможува личен и професионален развој.
Реномирани општествени институции, низ иницијативи за подобрување на квалитетот на животот во заедницата во која делуваме.

Нашата ОПРЕДЕЛБА – Во што веруваме и што е тоа што нас ни гарантира успех?

Професионалност
Посветеност
Превземање иницијатива
Тимска работа
Победнички менталитет