Кориснички сервис: Регистрирајте се
NELT_Vizija_KV_1024x260px_eng.png

Визија

 

Ние сме компанија БРОЈ ЕДЕН во спроведување на комплетни решенија за дистрибуција и логистички услуги 

 

Работејќи на знаењето, искуството и деловните достигнувања, ние сакаме да бидеме компанија број еден во спроведување на комплетни решенија во областа на дистрибуцијата и логистиката на сите пазари на кои работиме. Со себе носиме искуство долго 25 години, го продолжуваме заедничкиот пат и поставуваме нови очекувања. Вредностите што не донесоа до тука сега треба да се унапредат и подобрат, за да се фокусираме на перформансите и здравјето на компанијата, за да се соочиме со предизвиците кои се пред нас. Напред не води визијата да бидеме најдобри.

 

Важноста на визијата за функционирање на целиот тим се рефлектира во постигнување на уште подобра деловна ефикасност, a личниот придонес на секој од нас е неопходен чекор кон подобрување на корпоративната култура и организациското здравје на компанијата.

 

Од секој поединец очекуваме преку разбирање на визијата, со својот пример во работата и соработката со колегите, да даде свој придонес за одржување на лидерското место во компанијата. Само насочени едни кон други, а свесни за личната одговорност, ние ќе останеме први.

 

Ја препознаваме и веруваме во силата на сите нас, бидејќи заедно сме силни само колку што е силен секој поединец во компанијата.

 

 

 

Ние сме Nelt.

Ние така работиме.