Кориснички сервис: Регистрирајте се
lanac.jpg

Ланец на снабдување

Нашата основна цел е обезбедување на врвни услуги во областа на дистрибуцијата и логистиката. Неопходен услов за деловен успех на секоја дистрибутерска компанија е развиен и модерно организиран ланец на снабдување, како и логистички решенија прилагодени на барањата на клиентите. Активностите во секторот за ланец на снабдување почнуваат со планирањето на залихи - порачка на роба од нашите партнери и одржување на оптимално ниво на залихи во сите магацински компаниски локации со минимални трошоци.

Основниот процес при планирањето на залихите е да се предвиди побарувачката. Резултатите кои ги постигнуваме во оваа област, а кои на ниво на групација  се во рангот на најдобрите на глобално ниво, како последица имаат балансирано ниво на залиха, која ги прати промените на пазарот, а нас ни овозможува постигнување на една од најважните цели - достапност на роба во секој момент до нашите крајни потрошувачи.  Дистрибутивниот центар на компанијата се наоѓа во срцето на индустриската зона на Скопје, во непосредна близина на аеродромот Александар Велики со околу 6.000 м2 магацински простор со различен температурен режим во кој работат приближно околу 30 вработени . Магацинскиот простор во склоп на централниот дистрибутивен центар има капацитет од околу 5.000 палетни места, опремени со најсовремена регална и претоварна техника што ни овозможува безбедни услови за работа.

Оптимални перформанси можеме да обезбедиме само со постојано унапредување на процесот со управување и максимално искористување на сите магацински ресурси. Поради тоа во 2010 година се одлучивме за имплементација на комјутеризиран систем за магацинско управување (WMS) G.O.L.D. Stock, производ на копманијата Aldata Solution, со чија помош упрауваме со сите процеси во магацинот. Овој повеќенаменски систем и овозможи на компанијата складирање на преку 1.000 производи со примена на најдобрите магацински пракси  и точност на испорака над 99.5% .

Производите се испорачуваат до купувачите со флота која ја сочинуваат 18 возила со носивост од 1 до 10 тона, сите со различен температурен режим. Сите возила се опремени со GPS уреди, а организацијата, контролата и пратењето на сите транспортни и доставни рути се вршат со помош на современи софтверски решенија за организација и оптимизација на транспортот.