Кориснички сервис: Регистрирајте се
dist_r_s_p.jpg

Дистрибуција на производи за широка потрошувачка

 

Дистрибуцијата на производи за широка потрошувачка е наша основна дејност. Во таа област сме без конкуренција бидејќи на нашите партнери можеме да им понудиме комплетна услуга - увоз и царинење на производите, складирање, маркетинг, продажба и достава. За сите продажни програми кои ги дистрибуираме, гарантираме достапност на производите на крајните потрошувачи во секој момент и на секое место. Наша цел е да го достигнеме идеалот на дистрибуција - 100% на препорачаното портфолио, во 100% објекти, 100% од времето.
 
Насоченоста кон квалитетна услуга, познавање на локалниот пазар, како и добрата географска покриеност на западен Балкан се она што не издвојува во однос на конкуренцијата и не прави лидерска дистрибутерска компанија на овие простори.