Кориснички сервис: Регистрирајте се
opstena.jpg

Општествена одговорност

Нашата политика на општествена одговорност се темели на етичко работење и желба да помогнеме во создавање на подобро опкружување за нашите вработени, партнери и пошироката општествена заедница, за остварување на добри деловни резултати и висок степен на одговорност кон животната средина.                                                                                                                                      

Производите кои ги дистрибуираме се со висок и постојан квалитет, а севкупното наше работење е насочено кон исполнување на барањата на клиентите и потрошувачите. Сите наши објекти се проектирани и изградени на начин кој обезбедува заштита на околината, а мерките за заштита при работа се почитуваат во рамките на целата компанија. Соработката со нашите деловни партнери ја градиме исклучиво врз темелите на взаемно почитување и доверба.  

Особено внимание им посветуваме на децата, социјално загрозените семејства, здруженијата и хуманитарните организации на кои континуирано им обезбедуваме различни форми на помош. Нашата нова стратегија за општествено одговорно работење подразбира и поддршка и овозможување нови можности за најталентираните студенти од факултетите во Р. Македонија.                                                                                                                                

Допринесувањето за подобрување на квалитетот на животот на нашите вработени и целата локална зедница, била и ќе остане една од нашите најважни цели и насоки во донесувањето на деловните одлуки.